Била здрава и не чекала: Лекари се борат за животот на 23-годишна девојка во Србија

Во новата ковид болница во Батајница, лекарите се борат за живот на 23-годишна девојка, јавуваат белградските медиуми.

Анестезиолог доц. д-р Дејан Марковиќ вели дека девојчето е на интензивна нега, заедно со пациенти на кои им е загрозен животот.

- Advertisement -

„Имаме 23-годишна девојка која била здрава и не чекала за да побара лекарска помош. Но, таква е болеста, короната е подмолна и непредвидлива. Има и постари пациенти, но има и сосема млади кои никогаш од ништо не биле лекувани, биле силни и здрави“, изјави Марковиќ.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!