Богаташ сретнал рибар и почнал да му соли памет – неговиот одговор се прераскажува со години

Еден бизнисмен кој шетал по плажата во едно мало бразилско село, здогледал еден рибар како седи под дрвото, пуши цигара и ужива во преубавата глетка која била пред неговите очи.

Кога бизнимсенот го запрашал зошто седи под дрвото и пуши, а не работи ништо, тој му одоговрил, дека уловил доволно риби за еден ден. Бизнимсенот налутено му рекол: Зошто не уловиш повеќе риби наместо да седиш тука на сенката и да губиш време?

- Advertisement -

Рибарот го праша: Што ќе правам со толку риби? Бизнисменот: Рибите би можел даги продадеш, и кога ќе заработиш доволно можеш да си купиш поголем чамец. Рибарот: Што би правел тогаш?

Бизнисменот: Би можел да одиш ловиш на средината од морето и да фатиш уште повеќе риби, и ќе заработиш уште повеќе пари. Рибарот: И што ќе правам тогаш. Бизнисменто: Би можел да купиш повеќе чамци и да вработиш повеќе луѓе и ќе заработиш уште повеќе пари.

Рибарот: Што би правел тогаш? Бизнисменот: Можеш да станеш богат човек, бизнисмен како јас. Рибарот: Што би правел тогаш? Биснимсенот: Па потоа можеш да уживаш во својот живот.

- Advertisement -

Рибарот: Зар не е тоа што сега го правам? Не морате да чекате утре за да бидете среќни и да уживате во животот. Вие не морате да се збогатите за да можете да уживате во животот.

Животот е само момент и треба да го проживеете целосно. Како што некои мудри луѓе рекле: Твоето богатство не е тоа што го имаш, не се материјалните добра кои ги поседуваш, туку во она што уживаш.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!