Богата мајка ја однесе својата ќерка да види како живеат сиромашните луѓе на село

Еден ден, многу богата, добро ситуирана мајка ја однела својата ќерка на село со единствена цел, да ѝ покаже како живеат сиромашните луѓе. Тие поминале неколку ноќи и денови на фарма која им припаѓала на луѓе со мали месечни примања – односно семејство што живее едноставен живот.

Деновите таму биле исполнети со интересни активности како полнење вода за пиење од бунар, долги прошетки и уживање во природата, пливање во потокот, средување на градината, задолженија околу фармата, животните и секако многу смеа, забава и љубов.

Откако се вратиле во големиот град и луксузниот стан во високиот облакодер, мајката ја прашала ќерката што мисли за времето поминато на фармата. „Прекрасно беше мамо“ – одговорила ќерката „Интересен ли ти беше начинот на живот таму?“ – прашала мајката. „Да“ – одговорила ќерката. „Што научи од времето поминато на фармата?“ – прашала мајката.

Ќерката одговорила: „Забележав дека ние имаме една мачка и едно куче, а тие имаат четири кучиња и три мачки. Ние имаме мермерен базен кој се протега до нашата градина во летната куќа, а тие имаат голем поток кој се извива низ шумата.

Ние имаме модерни соларни светилки во нашата градина, а тие имаат шест милиони ѕвезди на небото. Од нашиот балкон се гледа валканиот град, додека тие гледаат кон прекрасните шуми. Ние немаме плодни поседи и никогаш не ја допираме земјата, освен во текот на летото кога одиме во викендичката, а тие садат растенија и се во контакт со земјата скоро секој ден.

Ние купуваме храна од супермаркет, а тие самите си ја произведуваат својата храна. Ние имаме компјутерски кодови и лозинки да нѐ заштитат од злото, тие ги имаат животните, семејството и соседите.“ Мајката oстанала по малку изненадена.

Тогаш нејзината ќерка додала: „Ми стана јасно колку сме ние сиромашни и колку посреќни можеме да бидеме.“

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!