Болна рана: Ова е жената за која никој ништо не смеел да го праша Тито

Јосип Броз Тито, лидерот на СФРЈ, во пријателско друштво и пред камерите не смеел да биде запрашан нешто во врска со фаталната жена во неговиот живот – првата сопруга, Пелагија Белоусова.

Познато било дека Тито никој не смее да го праша нешто во врска со неа, ниту пак да ја спомене, а ова била негова голема љубов која се гасела тивко и болно.

- Advertisement -

Кога тој се вратил од Сибир, бил со неа. Таа била Русинка, помлада од него, која во тој период била бремена. За неговиот тогашен брачен живот малку е познато, но се смета дека живеел среќно и хармонично. Им умреле две деца, од кои едното на само осум дена.

Во 1924 им се родил синот Дарко кој им бил единствена светла точка и утеха. Кога влегол во водите на политиката почнал да се менува од семеен човек во лидер и професионалец.

Кога бил осуден на пет години затвор, сопругата со синчето се вратила во Русија, а откако Тито бил ослободен и отишол таму, приказната не штимала.

- Advertisement -

Кога повторно бил пратен на задача, не добил писмо од неа, а најмногу го повредиле гласините дека не била грижлива мајка. Детето им било сместено во Дом, а тоа го погодило Тито.

Жарко имал турбулентно детство, а неговата сопруга се премажила за Русин по разводот. Неа не смеело ниту името да и се спомне пред Тито.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!