Вака решете го проблемот со влага дома – делува на врати, прозорци, плочки и ѕидови

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Во зима кога температурите се ниски, може да настане влага која е опасна по здравјето на човекот.

Се создава лош мирис, алергии, а проблемот најдобро е да се реши уште на самиот почеток и да се сосече во корен. Природно, може да се обидете да го решите овој проблемот со сода бикарбона и оцет.

Измешајте ја содата со малку оцет и со прскалка испрскајте ги местата кои се оштетени на прозорците. По неколку минути пребришете со крпа.

Истото може да го употребувате и за мувла во кујната или тоалетот, на плочките, кадата и другите предмети. Содата е многу евтина, а многу моќна. Речиси и да нема проблем кој не помага да се реши во домаќинството,  а особено е долотворна кога станува збор за дамки и мувла.

Влага во просториите во кои престојуваме е појава која со себе носи непријатности, како што се ѕидната мувла, непријатниот мирис, црн паркет.

Влагата во просториите се манифестира преку кондензација на влажен воздух на постудените стакла и ѕидови, што доведува до нивно замаглување и оросување, па и капење на вода на подот.

Причини за појава на влага
Топлиот воздух во нормални услови содржи поголемо количество вода отколку студениот воздух. Доколку дојде топлиот воздух до студен предмет (ѕид, прозорец) тој се оладува и не може повеќе да го држи првобитното количество вода, па настанува оросување на студените површините.

При готвење, сушење на алишта, туширање, доколку има слаба вентилација во просторијата, на студени ѕидови и прозорци (најчесто кај оние на северна страна и во зима) се манифестира влага. Влагата може да се појави доколку има и непречено движење на воздухот од кујната или дневната соба во други незагреани простории (спални и сл.), кои се погодно тло за нејзина појава.

При вселување во нов или адаптиран простор, може да има останата влага поради недоволна исушеност на истиот. Влагата може да се појави и при присуство на поголем број луѓе во просторијата, притоа знаејќи го фактот дека 4 лица може да “произведат” дневно и до 10 литри вода во воздухот.

Слаба хидроизолација на ѕидовите, исто така, е честа причина за продирање на влагата од надвор.

Справување со влагата
За да се спречи појавата на влага, што е можно повеќе треба да се избегнува готвење и сушење на алишта во простории кои се склони на појава на влага. Доколку тоа не е можно, овие простории треба да бидат добро загреани и проветрувани. Ова особено важи за бањите, каде влажниот воздух од туширањето е секојдневие.

Имено, доброто загревање на просториите спречува да се создадат услови за кондензација на студени ѕидови и други површини. Проветрувањето во ерата на модерните топлински изолации е особено важно. ПВЦ прозорците и вратите од ден на ден стануваат сè понепропусни, па доколку имаме услови за појава на влага, потребно е почесто да се проветрува домот, со цел размена на влажниот воздух одвнатре и посувиот однадвор.

За спречување на појава на влага се употребат и т.н. одвлажнувачи. Овие уреди го вовлекуваат воздухот, ја одземаат влагата од воздухот преку кондензација, а потоа го испуштаат воздухот сув во просторијата.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!