Секоја домаќинка знае колку незгодна работа е чистењето бигор во бањата, бидејќи овие наслаги се насобираат како луди, особено околу славината и туш-кабината.
Една жена во фејсбук-групата Mrs Hinch Cleaning Tips им открила на корисничките каква мака имала со дебелиот слој бигор на мијалникот во бањата, сѐ додека не испробала еден генијален трик.
Земала монета и со неа го истругала бигорот. Воодушевена од резултатот, го споделила своето откритие со преостанатите членки на оваа група.„Тука има уште работа, но многу ми помогна трикот со монетата“, напишала.
Потоа, многу жени откриле во коментари дека едвај чекаат да го испробаат методот. „Каква разлика! Брилијантна идеја!“, гласел еден од коментарите.
Ослободете се од бигорот еднаш засекогаш: Овој трик ги отстранува сите дамки од славината!