Сите молитви се силни и им носат мир на верниците, но една има посебна моќ. Тајната на оваа молитва и нејзината сила лежи во повторувањето и на тој начин таа се користи во личното подвижничко дело на монасите и испосниците низ православниот свет.
Исусовата молитва
Се тврди дека оние кои ја изговараат ги отвораат своите срца кон Бога, поради што се нарекува и Молитва на срцето. Официјалното име на молитвата е Исусовата молитва и гласи: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешникот“.
Се верува дека токму тоа е молитвата што апостол Павле ја застапува во Новиот завет како „постојана молитва“, иако во научните кругови се смета дека потекнува од египетските пустини во 5 век и дека дури постепено ја добива оваа важност на исток.
Се практикува на Света Гора
Нејзината употреба е особено честа појава во исихазмот, православна монашка традиција која е особено застапена на Света Гора како начин на живот, а која накратко претставува целосен пресврт на човечката внатрешност која се соединува со Бога по пат на водење на целосен црковен живот и земање на Светите Тајни.
Во текот на неколку часа и постојано повторување на оваа кратка молитва, се користи бројаница, која се смета за молитвено орудие, но која не е задолжителна и повеќе служи како помош за оние кои штотуку почнале да влегуваат во овој мистичен свет или за оние кои слаби се и лесно ја губат концентрацијата.
Кога ја повторуваат Исусовата молитва, верниците исто така можат да го обожаваат Бог и да се крстат. Таквото длабоко потопување во молитвата Исусова обично свештениците не им го советуваат на обичните луѓе, без помош од некој кој е веќе вешт и искусен во тоа, бидејќи има силно дејство и не секој може да го поднесе тоа.