Старо верување вели дека фотографиите од мртвите се поврзани со светот на мртвите.
Кој во својот дом нема слика од некој починат роднина или пријател? Сите ги имаме. Се прашуваме, што е проблем во врска со тоа? Во принцип, можете да ги чувате во домот, но според старите верувања само доколку почитувате одредени правила.
Ни се допаѓало нам тоа или не, фотографиите на починатите се поврзани со светот на мртвите. Доколку личноста е почината, фотографиите се уште ја држат поврзана со светот на живите. Поради таа причина, се советуваат следните примери:
*Фотографии на починатиот не смеат да се закачени на ѕид, да бидат во рамка или на маса. Значи, не смеат да бидат на видик.
Се верува дека доколку се игнорира овој совет, фотографијата ја зима енергијата на живите луѓе. Доколку фотографиите се чуваат во албум, а вие од време на време ќе ги погледнете со носталгија, се ќе биде во ред.
Меѓутоа, доколку постојано ви се на видик, наводно може да предизвикаат постепено влошување на физичка и емотивна состојба.
*Фотографиите на мртвите би требало да ги чувате одделени од фотографиите на живите.
Одвојте посебен албум за фотографии на починатите, каде исто така ќе ги сместите и фотографиите на кои се наоѓаат и починатите и живите.
Некои дури препорачуваат да се исечат ваквите фотографии, за да се одвои енергијата на живите од енергијата на мртвите. Исто така фотографиите на починатите наводно треба да се чуваат во албуми со црна боја или пак во црна вреќичка.