Британските медиуми ја објавија снимката на која може да се види студентот кој мислел дека договорил состанок и сек*уален однос со 14-годишно девојче, како ги моли ловците на педо*или да го пуштат.
Минеш Пател се соочи со тајната група „Чувари на Северот“ и дури им понуди да работи за нив бесплатно во бизарното настојување да ги наговори да го пуштат. 27-годишниот Пател започнал да се допишува на “WhatsApp” со малолетно девојче. Тој набрзо потоа бил фатен, а пред судот Њукасл Краун ја признал вината за обид за поттикнување на дете за сек*уални активности.
Осуден е на 28 месеци затвор, десет години ќе подлежи на закон за спречување на сек*уален престап и ќе биде запишан во листата со сек*уални престапници. Пател требало да се најде со некого за кој верувал дека е дете на метро станицата Гејтсхед, но наместо тоа бил пречекан од ловци на педо*или. Групата ја снимала реакцијата на Пател кој повеќе пати вели „ве молам господине“, нагласува дека има „добро минато“ во својата родна Индија и како студент е „нов“ во оваа земја.
Еден од „ловците“ му вели дека студиите ќе му бидат прекинати и не смее да студира криминалистика, по што Пател потоа ги моли и им вели дека „ќе работи за нив бесплатно“. Обвинителот Том Мичел изјави дека Кеј Бел е дел од групата и поставила лажен профил со име Лори, во кој се тврди дека е 14-годишно девојче.
Обвинетиот ја контактирал преку интернет страницата Meet 4 U. Набрзо потоа ѝ испратил порака на WhatsApp, а потоа и порака во која побарал фотографии. Ѝ зборувал за бакнување и се*с. Неколку дена подоцна ја замолил да се запознаат и ја прашал дали сака се*с, велејќи ѝ дека сек*от е добар за здравјето.
Пател пред судот најпрвин негирал дека побарал средба со девојче поради се*с, за потоа да признае: „Жал ми е, нема да го повторам тоа, пуштете ме“. Сепак, судијата Роберт Адамс го осудил на 28 месеци затворска казна.




