Денеска на утринскиот подкаст „Утро со Златев“ гостуваше Стојанче Ангелов и на ова интервју беа изнесени некои информации кои не ѝ се познати на јавноста.
Генералот Стојанче Ангелов на денешното гостување дојде во улога на в.д. директор на Центарот за управување со кризи и со него иако првенствено се разговараше за пандемијата Ковид-19, сепак беа изнесени и други информации.
Ангелов на самиот крај на емисијата кажа нешто и за Груевски, односно доколку индикаторите покажат дека тој бил добар во економијата, Ангелов би му понудил да биде министер за економија или финансии.
Извор: Lider.mk