Моли Меј, ѕвезда од реалните шоуа во Британија и Инстаграм инфлуенсерка, открила дека младежот кој неодамна ѝ бил отстранет од нозете ѝ бил животна закана.
Лекарот преку телефон ѝ рекол дека има малиген меланом. Моли тешко ја прифатила веста. „Одев со рак на кожата на нозе. Знаев дека е тука, но не знаев дека може да ме убие – рекла Моли. Веста ја дознала додека била на бизнис патување во Италија.
Младежот прво го воочила нејзината мајка и тоа на екран, додека Моли била во реалното шоу. Моли потоа отишла на лекар, а два дерматолози ѝ рекле дека нема причина за грижа.
Но, таа одлучила да побара и трето мислење, затоа што чувствувала дека нешто не е во ред. Бопсијата на крајот покажала дека станува збор за малиген израсток.
– Ни сама не знам што би мислела или рекла. Не можам да верувам дека другите доктори ми рекоа дека се е во ред. Толку сум вознемирена и бесна – рекла Моли и апелирала секој да ги провери своите младежи.