Кога имате мал простор неопходно е да бидете креативни. Со малку креативност можно е во стан од 24 квадрати да сместите спална соба, тоалет, кујна и работен простор.
Бред од својата гарсониера направил функционален стан. Никогаш не би помислиле дека толку мал стан може да има толку работи.
Бели ѕидови, како и мебел и кунски елементи во светли нијанси дале илузија на поголем простор, а работната маса се претвора и во трпезариска.
Купатилото се наоѓа меѓу кујната и спалната соба. За да изгледа поголемо визуелно, Бред користел големо огледало.
Во видеото погледнете како изгледа целиот стан: