ВИДЕО: Луѓето изненадени ја гледаат снимката – цело време погрешно сме цеделе тестенини

Додека подготвувате тестенини за јадење, сите знаеме дека прво што треба да направиме е да ги свариме, а потоа да земеме цедалка и убаво да ги исцедиме.

На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео снимка од правилно цедење тестенини, а истата стана неверојатен хит меѓу луѓето.

Имено, начинот на кој што поголемиот дел од нас ја цеди храната по варењето е погрешен бидејќи содржината од тенџерето во моментот кога го правите тоа не треба да се премести во цедалката, па потоа да се врати во тенџерето.

Цедалката се става на тенџерето, а потоа целата содржина се цеди.

Авторот на ова видео вели дека оваа метода е многу едноставна и дека истата му го олеснила животот, но исто така и дека го намалува оптеретувањето на зглобовите на вашите раце.

Видеото е погледнато речиси половина милион пати, а коментарите се разновидни. Некои се воодушевени од оваа метода, додека пак други ја критикувале.

♬ Niagara Street – Ensee

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!