Започна сезоната на грип, што сама по себе ги загрижува родителите, а посебно сега кога грипот е здружен со пандемијата коронавирус.
Блогерката и мајка Чарли О’Брајен неодамна објави снимка од дишењето на нејзината ќерка која ја снимила во 2018 година, а која е многу корисна за родителите.
„Наидов на ова видео во својот телефон и помислив дека ќе биде корисно да го споделам. Кога Луна имаше само 4 недели, беше тивка цел ден и едва плачеше, што е многу необично за неа.
Ја набљудував додека спиеше и во еден момент сфатив дека нешто не е во ред. Ѝ ја кренав маичката и видов дека невообичаено диши – објаснила мајката. „Вовлекувањето на ребрата при дишење е знак дека бебето треба веднаш да го носите на лекар„ Имаше бронхитис и многу ниско нив на кислород.
За среќа, после цела ноќ помината вклучена на кислород, добро закрепна – заклучила мајката во видеото кое привлече големо внимание на родителите ширум светот.