Видео: Медицинска сестра се онесвести по примањето на вакцина против коровнавирус

Медицинска сестра од Тенеси се онесвестила на конференција за медиуми во четврток откако ја примила вакцината на „Фајзер“ против коронавирус.

Тифани Довер се онесвестила додека за медиумите зборувала за прата вакцинација на здравствените работници кои се во првите борбени редови против Ковид-19, пренесе „Washington Times“.

Снимката за брзо време се раширила низ социјалните мрежи.

Таа ја примила вацината на „Фајзер“ против коронавирус, а околу 17 минути подоцна почнало да и се врти во главата, им се извинила на новинарите и паднала пред докторите да успеат да ја задржат.

-Одеднаш ме погоди, можев да почувствувам како доаѓа. Се чувствував дезориентирано, но сега се чувствувам добро и болката во мојата рака исчезна, рекла Довер.

Таа за брзо се опоравила и повторно разговарала со медиумите, велејќи дека често губи свест кога ќе почувствува болка.

-Тоа за мене е вообичаено, додала Довер.

Докторите од болницата „ЦХИ Мемориал“ велат дека губењето на свест не е поврзано со вакцината.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!