Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.
„Одам да го видам решението. Оној што ме познава знае дека кога ќе дадам збор нема да го погазам.“ – рече Мијалков за телевизија 24.
Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини.
Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.