ВИДЕО: Откриена нова мутација на коронавирусот- Овој вид е различен од британскиот и јужноафриканскиот!

Друг нов вид на коронавирусот се чини дека се појави во Нигерија, изјави денеска шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг, додавајќи дека е потребна понатамошна истрага.

Тоа е различен вид во споредба со оние во Велика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, пренесе АП.

- Advertisement -

Тој посочи дека ќе анализираат одреден број примероци.

„Дајте ни време … Сè уште е многу рано“, рече Нкенгасонг.

- Advertisement -

Предупредувањето за постоење на наводна нова варијанта на коронавирусот се заснова на две или три генетски низи, рече тој.

Африканскиот континент сега има повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на коронавирус или 3,3 проценти од глобалните случаи.

Инфекциите ширум континентот се зголемија за 10,9 проценти во последните четири недели, рече Нкенгасонг, вклучително и раст од 52 проценти во Нигерија и 40 проценти во Јужна Африка.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!