Жена од Питсбург слушнала чудни звуци од таванот, но подолго време ги игнорирала.
Се плашела да не изгледа параноично.Забележала дека и снемува работи, а во еден момент нашла и ќебе на подот од подрумот и подигната даската од њц школката во тоалетот.
„Интуиција ми велеше дека тоа има врска со моети поранешно момче, но не сакав да бидам параноична- вели жена чиј идентитет не е откриен.
Жената на 20 април слушнала врева на таванот и одлучила да види за што се работи.Мислела дека е нејзината мачка, па кога ја отворила вратата го здогледала поранешното момче кое стоело среде собата, па тргнал кон неа и ја фатил за врат.
„За среќа моите ќерки не беа дома“ раскажала таа за новинарите. Некако успеала да се оттргне од него и повикала полиција која кога пристигнала го пронашла Кери Кокузи како се крие под куп алишта.