ВИДЕО: Таа својот живот го живее во 8 квадрати – кога ќе отвори врата од станот сите се воодушевуваат

Познат е фактот дека животот во Њујорк е многу скап. Не само што становите се изнајмуваат по безобразно високи цени, туку и самиот животен стандард е поскап одошто во другите градови, како што е храната и други неопходности.

За да се изборат со тоа, многу Њујорчани се принудени да ги гледаат работите на поинаков начин. Тие смислуваат уникатни начини да живеат во градот, а да немаат толкави трошоци.

- Advertisement -

Фелис Коен го пронашла најиновативниот начин да живее во Њујорк и сигурно не сте виделе ништо слично на нејзиниот метод. Коен живее на Апер Вест во Њујорк и се наоѓа на само неколку чекори од најголемите атракции, како што е Централ парк и Линколн центар.

Сигурно претпоставувате дека плаќа многу висока цена за кирија. Сепак, таа плаќа само 700 долари месечно за нејзината соба. Да, тоа за нас е многу, но за Њујорк, тоа е многу евтино.

Сепак, морала да се откаже од некои работи… Таа живее во стан од 8 квадратни метри! Тоа веројатно не е поголемо од вашата детска соба, но Коен некако успева целиот свој живот да го стави во оваа екстремно мала соба. Таа е професионална организаторка, па така овој начин на живот е сосема нормален за неа.

- Advertisement -

Погледнете го нејзиниот стан во следново видео:

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!