Една жена од Шпанија тврди дека снегот кој го донела бурата Филомена не е првиот снег.




На видео снимка која кружи на интернет таа зема малку снег од својот балкон и го загрева со пламен од запалка, покажувајќи дека снегот не се топуи, туку станува црн. Таа вели дека изгорената супстанца мириса на пластика.
„Како што гледатењ, не се топи, колку и да му се доближува пламенот, тој поцрнува. И мириса на изгорена пластика. Знам дека на многу места падна снег, тоа и сами го гледате…Ова е чиста пластика. Постојано не мамат, проверете и сами“, вели жената.
Многу корисници на социјалните мрежи се шегувале во коментари, а голем број од нив го пробале истото, според некои ова е нормална реакција.
Мирисот на пластика доаѓа од нечистотијата во гаста во запалката, а снегот поцрнува поради процесот на хемиска сублимација, кога материјалот се трансформира од цврста состојба во гас, заобиколувајќи ја течната состојба.




Видеото погледнете го подолу
Pensabais que no iban a salir los negacionistas de la nieve? Pues también . pic.twitter.com/KtXdrmvpM5
— Estibador (@mundoestiba) January 9, 2021