ВИЦ: Царот, јаболката и функционирањето на државата

Си седел еден цар на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболка-а-а-а!“

Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи. Му се пријало на царот од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“

Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“ Министерот го викнал помошник министерот и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за царот.“

Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“ Шефот на стражата викнал еден стражар и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“

Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“ Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“

Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“ Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“ Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“

Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“ Седи царот во престолот и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.

НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!“

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!