Вкупно 7 654 лица се активни на Ковод-19 земјава, од кои најмногу 3 872 се во Скопје, а најмалку по седум има во Валандово и Пехчево.
Од почетокот на епидемијата, во Македонија регистрирани се 94 196 потврдени случаи со коронавирус, оздравени се 86 634, а починати 2908.
Според последниот биланс што го објави вчера Министерството за здравство, и од новозаразените 314, над половината 179 се во главниот град, а само по еден е евидентиран во Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран.
Од направените 2161 тестирања во претходното денононоќие, процентот на позитивни е 14,53. Оздравеле 210, а битката со Ковид-19 за загубиле уште осум лица.
На инфективните оддели во болницитре низ земјава се лекуваат 583 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот. Од нив 249 се во болниците во Скопје.
Во ковид – центрите во државата има околу 520 празни болнички кревети.
Во очекување на вакцините и масовната имунизација на населението, надлежните и натаму апелираат да се почитуваат пропишаните мерки и протоколи со цел справување со Ковид-19.
Во светот, од коронавирусот досега се заразиле над 105,6 милиони луѓе, оздравеле 77,4, а починале 2,3 милиони.
Вакцина против Ковид-19, од почетокот на вакцинацијата примиле околу 120 милиони луѓе, најмногу во САД 35,2 милиони, Велика Британија 11, Кина 29,7 и Израел 5,4 милиони.
Извор: Press24.mk