Влатко од село Ореше: Oткако останав без татко и брат, цепам дрва чистам, се правам, се плашам да не останам и без мајка !!!

НЕБОТО ГИ ИЗБРА СВОИТЕ МИЛЕНИЦИ: Овие 3 знаци ќе имаат најмногу среќа во август!

Многу пријатности и неочекувани настани - свадба, породување, селидба, започнување нов биснис. Летото на сите ни носи многу возбуда и добро расположение, а месецот што...

Молитва кон Пресвета Богородица за милост и исцелување

Пресвета Богородица е застапник пред Бога за секој од нас. Можеме кон неа можеме да ѝ ја читаме секогаш кога ќе почувствуваме потреба од...

КОГА ВО ЖИВОТОТ СЕ ПОЈАВАТ НЕВОЛЈИ И ПРОБЛЕМИ, ИЗГОВОРЕТЕ ГИ ОВИЕ 3 РЕЧЕНИЦИ: Ги намалуваат тешкотиите и ги менуваат работите на подобро!

3 реченици кои треба да ги кажете во тешките моменти во животот – еве како да ги намалите неволјите и проблемите! Низ животот наизменично се...

Денес е ПЕТРОВДЕН: Ова утро измијте се со роса, а овие обичаи СТРОГО забрануваат една работа

Нашата православна црква и нејзините празници денес го слават еден од најголемите празници, Петровден. Во пресрет на големиот празник се бере цвеќе и се...

Што се случува по смртта – сведоштво на девојка која се вратила од мртвите ќе ве остави без текст

Ако некогаш сте се прашувале каков е задгробниот живот, ова е совршена прилика да дознаете! Во моментот на смртта, некоја чудна енергија ја носи...

Трагично е кога децата пред време мора да пораснат без да осознаат што значи безгрижно детство. Жално е кога на дванаесет години мора да заспиваш со солзи, не знаејќи што те чека кога ќе ги отвориш. Жално е кога дете треба да дознае што е живот, тој да почне да му држи лекции почнувајќи од најтешката.

Со солзи во очите малиот Влатко Арсовски од с. Ореше ја започна својата приказна. Со солзи во очите наместо со смеа и радост, посакува да му се вратат најблиските од небото, но, и никогаш да не го напушти мајка му, зашто не знае што би правел и без неа.

Мајката на Влатко, до болка скршената Снежана, очигледно е жената со најубавите, но, истовремено и жената со најтажните сини очи кои некогаш сте ги виделе. Толку полни со солзи за најмилите, што додека ја раскажуваше својата приказна за емисијата „Срце на дланка“, имав чувство дека ќе се удави во нив. Снежана со својот сопруг изминатите децении создале осум деца. Пет ќерки и три сина. Живееле скромно, но биле пресреќни. „Не постоеше посреќна мајка од мене“-споделува Снеже.

Чувале многу крави, и за секое дете имале визија и желба да му купат куќа во Градот. Но, пред пет години дознава дека најстариот син заболува од канцер и тука започнува агонијата на ова семејството. Болни месеци се пред нив. Кравите мора да бидат продадени за неговото лекување, хемотерапија, опоравување.

За жал, сепак нема да можат да го спасат животот на овој млад сопруг и татко. Татко никогаш не успеа да биде, зашто детето му се роди само дваесет дена после неговата смрт. Не издржа неговото срце барем да го прегрне. И да му каже дека секогаш ќе го сака и чува од горе на небото.

„Беше многу силен, вреден, љубезен. Сите го сакаат. Мислам дека цело село плачеше за него. Не можеа да поверуваат дека го нема“-раскажува таа. „Бато сè ми купуваше. Беше многу добар. Секаде ме носеше со него-низ солзи раскажува и малиот Влатко. Чувствувам празнина без бато и тато. Најмногу сакам да се вратат од небото. Да си дојдат дома. А ако ја изгубам и мама, не знам што ќе правам. Без мама и јас ќе умрам. Не ми треба живот!-додава ова младо момче.

„Сè и помагам. Сечам дрва, чистам, готвам, само да биде здрава и жива. Многу сум исплашен. Сакам да учам. Многу сакам да се запишам на факултет и да бидам актер. Тоа го посакувам отсекогаш! Ама во селово нема услови за живот. Одам до соседното село за во училиште. Тука нема ниту продавници, ниту амбуланта. Нема ниту многу луѓе. И јас сакам да бидам среќен како другите деца.“, емотивно споделува.

Лошото никогаш не доаѓа само. Од тага за синот и сопругот на Снежана се разболува од канцер на бели дробови и семејството влегува во нова агонија. Долги месеци борба за здравјето. Продавање на останатите крави и доведување на куќата до фаза на пред распаѓање. Конечно, столбот во куќата не издржува и пред два месеци се преселува кај синот. Оставајќи ја Снежана сама со двете најмали деца Влатко и Антонио да се мачи и да ги оплакува.

Покрај болката од загубата за најмилите, Снежана е тажна и што во оваа куќа и животот им е загрозен. Тече од сите страни, сè е старо и дотрајано. Едвај преживуваат. „Живееме само со шест илјади денари месечно, но не стигаат! Плаќам струја, за детето во училиште и не останува ништо. Гладуваме. Се случува и да немам храна половина месец.

Да беа живи синот и сопругот никогаш немаше да барам помош. Ама останав за никаде. Барам спас, спас за децата. Барем уште нив да ги извадам на пат. Не барам за мене, моето го одживеав, се борам за нив. Децата иако се мали ме тешат. Но, ништо не може да ме утеши. Колку ми беше полна куќата со снаа, внуци.

Немаше посреќна мајка од мене. Сега се радувам само на денот кога доаѓаат на гости, но таа радост исчезнува кога си одат дома. Повторно се обвивам во старата болка. За жал никој со судбината не може да се справи, постојано плачејќи раскажува Снежана.

Иако таа болка никогаш нема да исчезне, ниту да се намали, сепак со последни сили молам, го молам народот да ми помогне да соберам некој денар за да ја поправам куќата. Малку посилен снег и кровот ќе падне. Или ако може општината да ми даде стан со децава да се преселам, бидејќи тука иднина за нив нема-завршува Снежана.

Доколку сакате да и помогнете на Снежана да излезе од дното, тоа може да го сторите на телефонскиот број 071 472763 или на сметката 290500019939831.

Извор: Приказна.Мк
Автор: Оливера Петрушевска

АКТУЕЛНО

Се појави новата баба Ванѓа на Балканот – кај Марина се чека по три дена за сеанса

Илјадници луѓе од цел Балкан секојдневно пристигнуваат во селото Мијајлица кај Бојник, недалеку од Лесковац, со надеж дека ќе ги прегледа извесна Марина, за...

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот…Ниту една земја на светот...

ДОКТОРКА ОД БРЗА ПОМОШ ПРЕДУПРЕДУВА! Сите што го правите ОВА сте во голема опасност, застанете денес!

Стефановиќ советува дека во најтоплиот дел од денот, од 10,00 до 14,00 часот, кој не мора, да не излегува од дома, а освен вода,...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЕБОТО ГИ ИЗБРА СВОИТЕ МИЛЕНИЦИ: Овие 3 знаци ќе имаат најмногу среќа во август!

Многу пријатности и неочекувани настани - свадба, породување, селидба, започнување нов биснис. Летото на сите ни носи многу возбуда и добро расположение, а месецот што...

Молитва кон Пресвета Богородица за милост и исцелување

Пресвета Богородица е застапник пред Бога за секој од нас. Можеме кон неа можеме да ѝ ја читаме секогаш кога ќе почувствуваме потреба од...

КОГА ВО ЖИВОТОТ СЕ ПОЈАВАТ НЕВОЛЈИ И ПРОБЛЕМИ, ИЗГОВОРЕТЕ ГИ ОВИЕ 3 РЕЧЕНИЦИ: Ги намалуваат тешкотиите и ги менуваат работите на подобро!

3 реченици кои треба да ги кажете во тешките моменти во животот – еве како да ги намалите неволјите и проблемите! Низ животот наизменично се...
error: Содржината е заклучена!