Водителка се изнасмеа во студио кога прочита колкави се инвалидските пензии (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео од руската презентерка Александра Новикова, која избувнало во смеа кога прочитала колку изнесува социјалната помош.

Со тивок тон, Новикова почна да ја чита веста за зголемувањето на социјалната помош за лицата со посебни потреби, но прсна во смеа кога го прочита износот на помош за меѓународен превоз до бања.

Социјалната помош на лицата со посебни потреби, воените ветерани, жртвите на изложеност на зрачење и други изнесува 1500 рубли (околу 21 евро), од кои 900 може да се користат за лекови, 137 за бањи и остатокот (5 евра) за меѓународен превоз до здравствено одморалиште.

Иако Новикова се обидуваше да се воздржи, смеата беше посилна, а видеото со брзина на молња се рашири низ социјалните мрежи.

Многумина предвидуваат дека Александра ќе биде отпуштена од работа поради смеата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!