Големиот воз на Ким Џонг –ун и неговата ,,бригада за уживање” од десетици девици

Диктаторите си ги сакаат своите возови. Хитлер ја имал „Америка“, оклопно чудовиште опремено со вооружување. Мусолини и Сталин инсистираа на луксузни вагони секогаш кога се спремале на долг пат.

Ким Џонг-ун, лидерот на Северна Кореја, го има својот зелен воз, толку оклопен што мора да го влечат две локомотиви со брзина од 60 километри на час. Како што се шпекулираше во последните неколку недели дека Ким не е жив, но неговиот воз пристигнал во приватната станица во одморалиштето Вонсан, медиумите започнаа да шпекулираат што значи тоа.

- Advertisement -

Гласините велат дека Ким починал на 15 април, кога не присуствувал на роденденската прослава за неговиот дедо, првиот комунистички диктатор на Северна Кореја, Ким Ил-сунг. Оттогаш се објави дека прекумерното пушење и дебелината го загрозиле животот на 36-годишниот диктатор, кој завршил на итна операција на срцето.

Додека не се открие вистината , Сеул и Вашингтон будно го следат возот. Бидејќи е голем и бавен, немаат проблем да го следат. Возот има 20 или повеќе вагони, во кои има корално-розов салон со кожна софа, модерна, целосно бела сала за конференции, канцеларија опремена со сателитска телевизија и најсовремена кујна која ги испорачува деликатесите што Ким ги јаде со сребрени стапчиња.

Свеж јастог, најдобрите вина и привлечните „келнерки“ се неопходни на диктаторските излети на Ким. Се шпекулира дека иако бил во брак шест години со помладата Ри Сол, Ким ја оживеал практиката на неговиот покоен татко позната како „Бригада за задоволство“.

- Advertisement -

Станува збор за млади девојки кои имаат задача да обезбедуваат сексуални и други задоволства за време на патувањето. Иако првично се спротивставил на заживување на бригадата, се шпекулира дека го сменил мислењето по три години брак, односно откако завршил периодот на жалење по неговиот татко.

Наводно, сите девојки кои се во бригадата се високи и убави, а лекарите проверуваат дали се девици. Доколку се согласат да бидат дел од бригадата, девојките добиваат по 1.600 евра, што се огромни пари во Северна Кореја. Ким влегува во возот преку рампа покриена со црвен тепих.

Некои од омилените пијалоци на Ким вклучуваат шампањ Кристал и коњак Хенеси, а тој бил љубител и на швајцарските сирења. Се шпекулира дека се заразил од оваа љубов за време на школувањето во Швајцарија, каде се претставувал како дете на вработен во амбасадата.

- Advertisement -

Неговиот оклопен Мерцедес е секогаш натоварен на возот. За разлика од неговиот татко, Ким не се плаши од авиони, кои често ги користи. Тој бил дури и снимен зад контролната табла на неговиот приватен авион.

Ким го користел приватниот воз за да патува за Русија, Кина и Виетнам. Додека вози, нема други возови на шините и само мал број офицери имаат информации за неговите движења. Уште два воза полни со чувари одат пред и зад него, а хеликоптер се грижи за безбедноста на возот. Понекогаш движењето на возот е само покритие за вистинската локација на Ким, што ги прави непријателите да мислат дека е внатре иако не е така.

Рускиот службеник Константин Пуликовски еднаш патувал со Ким Џонг-ил, и раскажува дека можел да избира меѓу руска, кинеска, корејска, јапонска и француска кујна, во време кога земјата се бори со глад. Свежи јастози ги чекале на станицата, чија цена во тоа време била огромна, пренесува Дејли Меил.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!