Сергеј Сатановски ја примил вакцината “Спутник V” која ја развил московскиот Институт Гамалеј и ги запишал своите искуства.
“Бидете доброволец во испитувањето на вакцината против ковид-19” – така на интернет пребарувале учесниците во тестирањето. Во септември за вакцината се знаеше малку, а бројот на заразени во Русија не беше голем. Во ноември тоа се промени, па бројот на заразени нагло порасна.
-Одлучив да ризикувам и да ја примам вакцината. Ме убеди патењето на пријателите кои беа тешко заболени и беа ставани во карантин во станеви – напишал Сергеј Сатановски, дописник на Дојче Веле.
Тој го опишал своето искуство со вакцината “Спутник V”.
-Морав да пополнам формулар на страница на московската градска управа. Помеѓу останатото, во формуралот ми поставуваа прашања дали веќе сум бил заразен со ковид и дали имам некои хронични болести. Според заводот за здравство, луѓето кои веќе биле заразени, не би требало да се вакцинираат оваа година. После една недела ми заѕвони телефонот и ми понудијата да изберам клиника во која ќе бидам тестиран – наведува Сатановски.
“Подготовките беа детални”
Заминав во московската болница “Шадкевич”. Таму дознал дека директорот на болницата е познатиот лекар и модератор Александар Мјасников.
-Тој е пријател на водителот на државната телевизија Владимир Соловјев кој го сметаат за дел од руската пропагандна машинерија. На почетокто на пандемијата изјавил дека можноста Русите да се заразат со ковид е рамна на нула.
Одеднаш не ми беше до вакцина, но беше касно да се откажам. Пред прегледот, докторката ме прашуваше дали сум земал некакви лекови, дали имам алергија и дали сум имал операција. Морав да ги повикам родителите и да ги прашам кои операции сум ги имал кога имав пет години – наведува тој.
Според неговите зборови, за време на разговорите добил 16 страници материјал кој му бил и усмено објаснет.
-Таму пишуваше дека целта на истражувањето е да ја испита ефективноста, имуногеноста и безбедноста на вакцината Gam-covid-Vac позната како Спутник V. Во претходната фаза, вакцината била испитана на животни кај кои било заклучена ефективноста и безбедноста, а на досегашните доброволци само безбедноста.
Во испитувањето учествувале 40.000 луѓе од кои 30.000 ќе добијат вакцина, а 10.000 плацебо. Три недели после вакцинирањето, учесниците мораат да дојдат во болница да примат и друга компонентна на вакцината. Во апликацијата “Check covid-19” мораат да водат дневник за својата состојба. Тоа беа моите должности.
Докторката, меѓутоа, ми предложи да учествувам во дополнително истражување. Првото истражување не опфаќаше анализа на крвта на антитела. Државата за дополнителното истражување на учесниците им плаќа 8.500 рубљи, што е околу 93 евра. Се земаат 95 милилитри крв. Се согласив – открива Сатановски.
Тестирање и животно осигурување
Докторката му објаснила и дека за време на учествувањето во тестирањето на вакцината живот е осигуран, иако учеството е целосно безбедно:
-Во полисата на осигурување ми пишува дека во случај на моја смpт, правните наследици – тоа во мојот случај се родителите – добиваат два милиони рубљи (околу 22.000 евра). Во случај на тешко оштетување на здравјето или инвалидност, би било исплатено помеѓу 500.000 и милион ипол рубљи.
Потпишав и заминав на преглед. Ме тестираа на сида, сифилис, хепатитис Ц и Б, на коpонавирус, и тоа на двата начина. Ги истражија и остатоците од лекови во урината. Ништо не најдоа и така станав учесник – наведува Сатановски.
Сите прегледи траеле седум дена, па дописникот на Дојче Веле од Русија точно седмиот ден пристигнал на вакцинација. На вратите на клиниката имало налепница со известување “Влезете на вакцинација против ковид”. Во болницата исто така биле поставени низа патокази до надлежното одделение. Таму биле приемен шалтер и четири простории – вакцинација, лекар, преглед и одмор.
-Во десет наутро бевме само една жена од триесетина години и јас. Се пријавив сам и заминав да дадам крв за тест на антитела.
Потоа заминав во помала просторија во која имаше маса, две столчиња и два фрижидери од руската марка Позис. Секој од нив чини околу 150.000 рубљи, значи 1.600 евра. Тука се складира вакцината на минус 28 степени целзиусови.
Лекарот ми даде безболна инјекција во левото рамо. После тоа поминав половина час во просторија за мирување. Ми рекоа дека кај некои пациенти после вакцинирањето паѓа крвниот притисок, но кај мене се беше нормално – истакнува доброволецот во програмата за испитување на руската вакцина.
Сатановски добил и потврда за учество и конечно можел да замине дома. Пред тоа ми рекоа дека може да се случи да добие зголемена телесна температура и дека во тој случај би требало да земе парацетамол.
-Освен тоа, ме замолија да во наредните три месеци не планирам деца, бидејќи делувањето на вакцината се уште не е истражено – открива Сатановски.
Температура, вртоглавица и грозница
Дури после вакцинација прочитал дека другите учесници реагирале на вакцината. Помеѓу нив биле новинари и членови на групата “Резултати од вакцина” на социјалната мрежа Телеграф во која членувале 1.800 ллуѓе. Некои учесници се жалеле на покачена температура и грозница која ја добиле истата вечер после вакцинирање или утредента.
-Кога во седум навечер излегов од работа, веќе имав главоболка, лесна грозница и вртоглавица. Не ја исклучив можноста дека се работи за автосугестија, бидејќи прочитав дека симптоми имале и луѓе кои наместо вакцина добиле плацебо.
Но, во текот на вечерта повеќе немаше сомнеж дека се работи за телесна реакција на вакцината, бидејќи температурата изнесуваше 38,6 степени. Болките во мускулите се појачаа после последната вежба на јога – наведува Сатановски.
Се тоа, вели, било непријатно, но се израдувал што веројатно ја примил вистинската вакцина, а не плацебо.
-Земав и парацетамол, ги запишав симптомите во дигиталниот дневник и заминал на спиење. Утредента температурата паднала на 37 степени, а ден после сите непосакувани дејства целосно исчезнале.
За три недели ќе добијат уште една инекција со дополнителна компонента на вакцината и отприлика 42 дена после првата вакцина мојот организам би требало да произведе антитела.
Дали таа ќе биде успешна во одбрана од вирусот, останува да се види – заклучил Сатановски.