Генијален војнички трик: Ќе заспиете за 1 минута

Дали и вие се превртувате низ кревет со часови пред конечно да заспиете од преголем умор? Колку побрзо го опуштите телото – толку подобар ќе ви биде сонот, па затоа е подобро да знаете некаква техника која ќе ви помогне да заспиете што побрзо. Војниците од американската армија користат еден едноставен трик со кој полесно заспиваат, дури и во најтешките услови.

Тајната на лесното заспивање е опишана во книгата „Релаксирај се и победи: Шампионски перформанс“, која најпрво беше издадена во 1981 година, но се популаризираше во последните неколку години преку интернет продажба на онлајн-книжарниците.

Се верува дека тајната на лесното заспивање првпат била воведена од страна на старешините во воените редови, кои требало да им обезбедат на нивните војници мирен сон пред напорниот ден, колку и да се лоши условите надвор. Трикот оди вака:

Релаксирајте ги мускулите на вашето лице, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите околу очите. Спуштете ги рамената најниско што можете и истегнете ги рацете по цела должина на телото.

Додека издишувате за да ги опуштите градите, полека олабавете ги нозете, почнувајќи од бутовите па надолу. Оставете да поминат околу десетина секунди во кои ќе се опуштите, релаксирајте го мозокот и потоа помислете на една од овие три слики:

  • Лежите во кану во мирно езеро, небото е светло сино и мирно а вие уживате во пловењето
  • лежите во лежалка која е ставена во целосно затемнета соба
  • замислете се како кажувате „не мисли, не мисли, не мисли“ континуирано во рок од десетина, можеби дваесет секунди

Техниката работи кај 96% од луѓето кои ја практикуваат повеќе од еден месец. Не заборавајте дека оваа техника треба да ја повторувате почесто, дури и во моментите кога немате проблем со заспивање.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!