Германка добила на лотарија, но заборавила да го провери ливчето: Било вредно 33 милиони евра, го носела во чанта со недели, а потоа…

Официјални претставници на лотаријата велат дека една жена во Германија со недели носела добитно ливче во чантата, дури и без да знае дека вреди околу 33 милиони евра (околу 39 милиони долари).

Како што соопштиле во средата, 45-годишната жена е единствена која е добитничка на извлекувањето на 9-ти јуни, имала точни 7 погодоци на ливчето на германската лотарија, пренесува „AP“.

- Advertisement -

„И понатаму ми се врти во глава помислата дека пред неколку недели невнимателно носев речиси 33 милиони евра во чанта“, рекла кога конечно сфатила дека е добитничка.

Мајката на едно дете по случаен избор ги избрала броевите на билетот за лотарија од 1,20 евра и не планирала да игра повторно, велејќи дека добивката е ‘повеќе од доволна за нејзиниот сопруг’, соопштила компанијата.

Исто така е соопштено дека таа планира оваа огромна сума да ја искористи за здрав живот и да направи повеќе за животната средина.

- Advertisement -

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!