Татко на две деца починал откако лекарите одбиле да му направат магнетна резонанца навреме.
Шервин Хол (27) од Америка, отишол во болница на 23-ти март и молел за магнетна резонанца. Лекарите не го примиле поради хаосот и одложувањето на термините поради коронавирусот.
Рекол дека чувствува болки во нозете, но тие потоа му поставиле погрешна дијагноза и му препишале антибиотици, пренесува „Дејли мејл“.
Хол за 4 недели 13 пати бил во болница. Ги преколнувал за снимање, за кое добил термин дури на 26-ти јуни.
На магнетната резонанца докторите откриле 14 сантиметри малиген тумор во карлицата и 30 мали тумори на белите дробови.
Починал на 3-ти декември и позади себе оставил сопруга и две деца.
„Да му го откриеја туморот порано, Шервин и понатаму би бил со нас. Послената желба му беше да се погрижам ваков случај да не се повтори, односно да ги заштитам сите семејства од страдањето низ кое поминавме“, рекла сопругата на починатиот Хол.