Ги фотографираше децата, а кога ја виде сликата не можеше да спие од страв (ФОТО)

Лора Вотсон од Њукасл, ги фотографирала своите деца,15-годишната Шарлот, 9-годишниот син и 16-годишниот внук Џејк, додека се забавувале качувајќи се на дрво во парк.

Делува како обична фотогрфаија, но кога ќе погледнете внимателно, ќе забележите едно лице повеќе. Таа вели дека во шумата немало никој освен нив, па иако не верува во паранормалности, вели дека нема друго објаснување за фотографијата.

-Луѓето ме обвинуваат дека сум користела фотошоп, но навистина немам идеја од каде излезе тоа лице, и за што се работи. Имаше и некои луѓе кои коментираа дека тоа може да биде дух од детето кое неодамна се има удавено во близина, тврди Лора.

-Сите сме преплашени, ќерќа ми не можеше да спие од страв, јас и мојот сопруг цела ноќ останавме со нив- рекла Лора за “Mirror.co.uk”.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!