Јосефина, мајка на две деца од Мексико, секое утро подготвувала појадок за своите деца. За тоа време децата си ги завршувале своите секојдневни активности додека се подготвувале за на училиште.
Јосефина го подготвувала појадокот додека се допишувала преку смс пораки со својот сопруг. Децата појадувале и заминале во училиште. Но, за жал еден ден, Јозефина добила лоша вест.
Имено, нејзините деца завршиле во болница. Жената била загрижена бидејќи утрото сѐ било во ред со нејзините деца. Отишла во болница и дознала дека се работи за салмонела. Децата ја добиле преку појадокот, а нивната состојба била критична.
Докторите претпоставуваат дека децата се заразиле со таа бактерија бидејќи Јосефина постојано се допишувала на мобилен, а мобилниот телефон е легло на бактерии за кои не сме свесни, ниту пак обрнуваме внимание.
Децата на Јосефина за жал не успеале да се извлечат, па таа својата приказна одлучила да ја сподели на социјалните мрежи со цел да ги предупреди сите родители да не ја прават истата грешка.