Го викнал цело одделение на роденден, но никој не дошол – мајка му објавила тажна фотографија па се случил пресврт

Малиот Теди Мазини од Аризона со нетрпение го исчекувал својот 6-ти роденден, а на прославата во пицерија ги повикал сите ученици од одделението, точно 32 деца.

Неговата мајка Сил очекувала барем десетина деца, како и нивни родители, но на крајот не се појавил никој. Сил за тамошните медиуми раскажала дека не знаеле дека никој нема да дојде, со оглед на тоа дека некои родители ѝ кажале пред време дека нема да може да ги донесат своите деца, но не се надевала на ваков „трагичен“ крај.

Фотографијата од разочараниот Теди ја објавиле новинарите од АБЦ 15 Аризона, а оваа прилично тажна фотка станала вирална. Така ова 6-годишно момче добило честитки од сите краишта на Америка и светот, а пристигнале и бројни подароци, како и утешни зборови и поддршка.

Меѓутоа, најдобар подарок добил од кошаркарскиот тим Финикс, кои Теди го повикале за почесен гостин на својот натпревар против Лејкерси.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!