25-дневната борба со крона вирусот на гевгеличанецот Перо Рујковски не завршува на Интерното одделение во Клиничката болница во Гевгелија.
Откако е излекуван од Ковид-19 и отпуштен од болницата, борбата на Рујковски продолжува во насока на набавка на лекарствата кои му се препишани од лекарите за целосно закрепнување на неговиот организам.
За Фактор вели дека терапијата е скапа, а бидејќи не е вработен, нема како да си ги обезбеди лековите.
-И јас сум еден од многуте кои директно се соочија со оваа страшна болест. Морам да кажам дека навистина ги почитував сите мерки за заштита од корона вирусот, но бидејќи мојата сопруга е лице со инвалидитет, а имаме пет деца, јас сум тој што мора да ги завршува сите работи.
И да пазарам, и да одам по други набавки и децата да ги снабдам со сè што треба. Веројатно, некое мое мало невнимание беше доволно да се заразам. Здравствената состојба ми стана толку тешка што мораа да ме хоспитализираат.




Имав обилна пневмонија и цели 25 дена останав на лекување во гевгелиската болница. За терапијата и лековите што да ви кажувам. Секојдневно примав по цела рака лекарства и инфузии.
Во мојот случај се покажа дека сè беше делотворно и успеав да го надминам најтешкото. Бев испишан на 9.декември и сега тоа е минато. Сега имам друг проблем, а тоа е што не можам да си ги купам лекарствата кои се уште морам да ги пијам, прескапи се, посочува 47-годишниот Рујковски кој се обрати до редакцијата на Фактор.
Целата сторија прочитајте ја на Фактор.мк