Еден пар бил воодушевен кога за време на реновирањето на домот открил сокриено купатило. Во видеото споделено на ТикТок, мајката Миа вели дека откриле нов простор откако го срушиле ѕидот од неодамна купената куќа.
Миа и нејзиниот партнер неодамна го купиле својот прв дом во Оклахома и одлучиле да го снимат реновирањето на куќата, како што пренесува „Mirror“. Сето тоа било објавено на социјалните мрежи, но ова видео станало многу популарно и собрало повеќе од 1,6 милиони прегледи.
Покрај целата работа, одлучиле да срушат еден дел од ѕидот, но на крајот пронашле повеќе од што очекувале. Позади ѕидот имало поплочен туш во кој и понатаму имало сад за сапун на ѕидот и непокриен водовод.
Во дополнително видео парот објаснил дека не знаел што има позади овој ѕид. „Баравме нов дом, имавме буџет од 150 илјади долари, што е навистина малку за овој пазар. И знаевме дека ќе мора да се завршат некои работи.
Продавачот нѝ рече дека собата е затворена, бидејќи истекувала одводна цевка и дека тоа ќе биде мала интервенција. Па, мислевме дека ја затвориле бидејќи не сакале да ја користат“, објаснила Миа.
На нивната куќа сега ѝ се зголемила вредноста, а наместо половина, тие сега имаат цело купатило. Иако на почетокот биле лути бидејќи продавачот не им ја кажал вистината, сега се среќни што добиле повеќе од што очекувале.
Видеото погледнете го на овој ЛИНК