Грција ја зафати топлотен бран: Температури и до 28 степени – плажите преполни (фото)

Топол бран со температура од дури 28 Целзиусови степени, вчера масовно ги испрати Грците на плажите и парковите, без оглед на „мерките за затворање“ поради епидемијата со коронавирусот.

Според Атинската национална опсерваторија, температурата во Ханија, на јужниот остров Крит, достигнала 28,3 степени околу пладне, што е една од највисоките јануарски температури во последните педесет години.

- Advertisement -

Типичната температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени.

Во Атина, каде термометрите достигнаа 22 степени, луѓето се насобраа на плажите, плоштадите и парковите.

- Advertisement -

„Времето е прекрасно, а ние сме претежно заглавени дома“, рече човекот за телевизијата Скај од плажата Кавури, близу Атина, објаснувајќи зошто е таму со многумина што шетаа, а некои дури и пливаа.

Жешкиот ветер од Африка донесе многу прашина заедно со необичната топлина.

Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда.

- Advertisement -

Полициските службеници со мегафони ги потсетуваа луѓето да одржуваат „социјална дистанца“ и ги казнуваа оние кои не носеа маски.

Грција е „ставена во карантин“ од почетокот на ноември, а властите се обидуваат да го избегнат третиот бран на пандемијата по прославата на Божиќ и Нова година.

Во петокот, ограничувањата, кои требаше да завршат на 11 јануари, беа продолжени за уште една недела. Само градинки и основни училишта се отвораат денеска.

Властите објавија уште 36 смртни случаи во неделата. Речиси 4.000 смртни случаи од вкупно 5.263 кои се регистрирани за време на епидемијата во Грција се случија во последните два месеци.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!