Денес се празнува СВЕТА АГАТИЈА: Според преданието, овој ден им носи среќа на жените

Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Светата маченичка Агатија, позната и како Агатија Сицилијанска. Агатија е христијанска маченичка од III век и поради љубовта кон Христа претрпела страшни маки.

Кој била Света Агатија?
Света Агатија била родена во моќно и богато семејство, од угледни и добри луѓе во сицилијанскиот град Палермо. Легендата вели дека таа била исклучително убава девојка.

Од рана возраст живеела во согласност со христијанските вредности и морални доблести. Нејзиниот живот целосно се променил кога царот Трајан почнал да ги прогонува христијаните. Агатија била уапсена и изведена на суд пред судијата Квинтиан, кој бил заведен од нејзината убавина. Сакал да се ожени со неа и ја запросил.

Таквата понуда можела да и го спаси животот, но Агатија ја одбила понудата велејќи дека е Христова невеста. Судијата се навредил, ја натерал на тешки маки, ја врзале за дрво и ја претепале до крв. Судијата повторно ја прашал дали сака да се одрече од Христа и на тој начин да избегне страдање.

На тоа Агатија, според легендата, одговорила: „Овие маки ми се многу корисни, како што пченицата не може да дојде до амбарите пред да се исчисти од плевата, така и мојата душа не може да влезе во рајот, ако прво не ми биде телото здробено од маки“.

Света Агата се упокоила, во 251 година. Наскоро џелатот на Агата ја добил заслужената казна. Според легендата, судијата отишол на имотот на родителите на Агатија за да си го присвои. На тој пат, цело место го газеле коњи кои во еден момент необјасниво збеснале.

Светата маченичка Агатија се смета за заштитник на сите оние кои неправедно страдаат поради нивните верувања или вера. Агатија е особено почитувана кај жените бидејќи се верува дека ќе ги заштити од секоја болест и болка.

Се верува дека денес треба да се оди до црквата, да се моли и да се запали свеќа во спомен на оваа светителка и дека тоа ќе донесе мир и среќа.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!