





Нашата православна црква и нејзините верници денеска го одбележуваат празникот посветен на пренесувањето на моштите на свети Игнатиј Богоносец.




Свети Игнатиј Богоносец бил светец од 1 век. Главното празнување на овој светител е на 2 јануари, а денес црквата го одбележува пренесувањето на неговите чесни мошти од Рим, каде што почина маченички, во Антиохија, каде што претходно беше епископ.




Свети Игнатиј Богоносец
Го нарекувале Богоносец затоа што, според традицијата, како дете Исус го држел во раце. Бил ученик на свети Јован Богослов и епископ во Антиохија. Додека бил на оваа позиција вложил многу труд и напор во ширењето на христијанството.




Прв во црквата воведол антифоничен начин на пеење – пеење со два хора, така што кога ќе престане пеењето од едната страна, да се започне од другата страна. Додека бил жив, Игнатиј станал познат како свет човек. Веста за него и неговото дело стигнала до царот Трајан.




Го поканил во Рим за да биде прогласен за сенатор, но само ако принесе жртва на многубожечките идоли. Игнатиј не го прифатил предлогот на царот, а потоа го врзале со синџири и го фрлиле на лавовите. Според легендата, лавовите го растргнале.




Пренесувањето на моштите на свети Игнатиј Богоносец се смета за ден кога не се работи напорна работа. Свети Игнатиј се смета за заштитник на праведниците и на оние кои страдаат поради нивните верувања и затоа што се различни од другите.