Десетгодишно момче играјќи се паднало во дупка и открило богатство (видео)

Во целиот свет пронајдени се само неколку стотини фосили од стегомастодон.

Деветгодишното момче од Ново Мексико шетало со семејството во градот Лас Крусес, случајно пронашло фосил стар 1,2 милиони години. Играјќи се, се сопнал и паднал во дупка во која се наоѓал реток фосил. Џуд Спаркс и неговиот брат после незгодата во ноември минатата година заклучиле дека детето паднало врз остатоци од “огромна крава”.

Семејството се обратило до професорот по биологија на Универзитетот во Ново Мексико Питер Хоудеу, кој собрал тим за ископување, а шест месеци подоцна открил дека се работи за стегомастодон, стар 1,2 милиони години.

Стегомастодон е далечен роднина на слонот. Професорот за Нју Јорк Тајмс изјавил: “Ова е навистина многу ретко откритие, фантастично е тоа што го пронајде толку млада личност”. Во продолжение погледнете го видеото:

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!