Во период кога сме на удар на сезонскиот грип и коронавирусот, најважно е да го зајакнеме имунитетот, бидејќи тој е најсилната одбрана.
Консумирањето на оваа народна напивка ќе ви помогне вашето тело да биде посилно, здраво и отпорно на заболувања и стресови. Комбинацијата на овие намирници се одлична за лекување кашлица, температура, вирус, грип и грлоболка.
Треба да земате по една лажица од овој лек дневно.
Состојки:
- 1 лажица куркума во прав
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 1/4 лажиче црн бибер
- 1 лажиче рендан лук
- прстофат каенски бибер
- 1/2 шолја мед
- 1 лажица сечкани ореви
Приготвување:
Сите суви состојки ставете ги во тегла, промешајте, па додајте мед. Измешајте добро за да добиете хомогена смеса и чувајте го лекот во фрижидер.