Доколку имате симптоми на коpонавирус, овие работи никако не смеете да ги правите

Заразените со ковид кои самите се лечат дома сериозно го загрозуаат своето здравје и ризикуваат да за кратко време завршат на респиратор, предупредуваат лекарите.

Тие велат дека луѓето често на своја рака пијат антибиотици бидејќи некој од заболените се лечел со таква терапија. Тоа никако не смее да се прави, апелираат докторите, бидејќи може да дојде до разни компликации, бидејќи ковид е систематска болест и не е иста кај секој заразен.

- Advertisement -

Затоа, тие советуваат, доколку се појават симптоми од вирусот, првата адреса е ковид-амбуланта. Познатиот инфектолог професор доктор Жарко Ранковиќ предупредува дека лечењето на своја рака е многу опасно, бидејќи ковид не делува на секој организам исто.

-Повторно апелирам на сите луѓе да не бидат лекари во својот дом, бидејќи ковид не може да се лечи тек така, без надзор на лекар. Не можете, доколку добиете симптоми, да пиете антибиотици и земате витамини, бидејќи сте слушнале дека тоа е терапија. Или уште полошо, знаете некој од вашата околина на кој тоа му помогнало. Тоа е погрешно. Секој организам е за себе, на секој вирусот различно делува, а со самото тоа потребна е и поинаква терапија – напоменува професор доктор Ранковиќ и истакнува:

-Ризикувате состојбата а ви се влоши и да мора да заминете во болница. Тогаш веќе може да биде доцна, инфекцијата може да напредува и да бидете животно загрозени. Впрочем, тоа е и една од причините зошто луѓето во болница доаѓаат со воспаление на белите дробови и потешка клиничка слика. Затоа, доколку ги добиете првите симптоми, одете во ковид-амбуланта, каде ќе ги добиете сите потребни совети и одговарачка терапија – нагласува тој.

- Advertisement -

Со него е согласен и радиологот др Александар Ивковиќ. Според неговите зборови, постојат пет знаци кои јасно ви укажуваат дека ви е потребна итна лекарска помош и дека е најважно луѓето да знаат кога да се јават на лекар, бидејќи тоа е од пресудно значење за самиот тек на оваа болест.

-Првиот знак се потешкотии во дишењето. Нормалниот број на вдишувања во минута е 12 до 16, а доколку тој број се зголеми на 25 до 30, тоа е еден од важните знаци дека заболените треба да побараат помош. Друг важен знак се интензивните главоболки кои не престануваат ниту кога се земаат аналгетици, третиот е повраќањето, четвриот дијарејата и секако петиот е високата температура.

Тегобите не смеат да се занмеаруваат, бидејќи секој ден состојбата се влошува и кога веќе ќе биде доцна, тогаш пациентите заминуваат кај лекар. Секако, се работи за пациенти кои имаат потежок облик – открива доктор Ивковиќ.

- Advertisement -

Најважен е одморот

На прашањето што да прават тие кои се заразени и се испратени да се лечат дома, тој советува:

-Најважно е што повеќе да одмораат. Нека се хранат здраво со повеќе витамини. Просториите треба често да се проветруваат – вели радиологот.

Не ги снимајте белите дробови на своја рака

Според зборовите на Александар Ивковиќ, има многу пациенти без симптоми, а поради коpонавирусот да имаат промени на белите дробови.

-Тој процент не е голем, од два до пет отсто, но во секој случај има пациенти кои немаат никакви тегоби, а имаат наод на белите дробови. Тоа не значи дека сите би требало да ги снимаат градите. Одлуката зависи од лекарот кој ќе го прегледа пациентот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!