Доктор и медицинска сестра водеa љубов во ковид болница: „Го правеле тоа во текот на паузата за ручек“

Медицински работници чии имиња не биле наведени, вработени биле во болница во романски град.

Романската јавност останала вчудоневидена откако било објавено дека доктор и медицинска сестра, вработени во ковид болница, воделе љубов во внатрешноста на самата установа за време на паузата за ручек.

- Advertisement -

Како што се наведува, медицинската сестра и доктор на интензивната нега во болницата во која што се наоѓа и ковид систем имале „сеанса“ во текот на месец октомври, а сето тоа се дознало откако анонимец ја известил болницата за настанот.

Како што пренесуваат медиумите од Романија, тие во текот на паузата, но за време на работно време, покрај одделението со најтешки случаи на заразени од Ковид-19 го имале своето „љубовно гнездо“.

Димитри Виенеск, директор на болницата изјавил дека покренал истрага која што треба да трае до 27-ми ноември.

- Advertisement -

Во анонимниот мејл кој што го добила болницата наведено било дека двајцата вработени правеле „мини забави“ во текот на своите средби, пренесува порталот „3минути“.

Инаку, освен што вработените се гледале во болницата покрај пациентите кои што се борат за живот, заедно ги поминувале деновите и ноќите во хотел покрај болницата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!