Еве зошто вреди да се биде добар – тајната откриена во Библијата!

Овие зборови и денес Господ Исус Христос сака да ви ги каже и да ве утеши и охрабри и да ви укаже дека да ги истрпите сите страдања бидејќи голема е вашата награда на Небесата.

Кој претрпи до крај – ќе биде спасен!
Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:

  • Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!
  • Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
  • Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
  • Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
  • Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
  • Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
  • Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!
  • Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене!
  • Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!

Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.

Извор SemeSinapovo.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!