Епидемиолог најавува црн бран на коронавирус: На заболените ќе им се придружат и тие што ќе се заразат за празниците

Водечкиот епидемиолог во САД, Ентони Фаучи предупреди на нов пораст на заболени од коронавирус после Божиќ, а смета дека тој период ќе биде потежок од оној после Денот на благодарноста на 26-ти ноември.

Минатата седмица во САД како последица на вирусот починаа 15 илјади луѓе, што е најсмртоносната седмица од почетокот на пандемијата.

- Advertisement -

Сепак, експертите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа.

„Мислам дека јануари ќе биде страшен затоа што на заразените во текот на Денот на благодарноста ќе им се придружат и заболените во текот на Божиќ. Никој не сака да ја заклучи земјата на новогодишните празници, но ние сме во многу критичен момент. Меѓутоа, не можеме да побегнеме од фактите. Ова ќе биде многу тешко за сите нас“, изјави Ентони Фаучи.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!