Поч ина Јасмин Хасиќ, поранешен финалист во „Ѕвездите на Гранд“.
Талентираниот пејач имаше само 36 години. Неодамна му бил откриен тум ор на бубрезите поради кој пред три неделе бил опериран во Турција, но по зафатот не успеал да се се избори со опаката болест, информираат српските медиуми.
„Замина младо момче и колега, нека Господ му даде сила на неговото семејство, а на него рајски мир“, напиша Хако Шљивар, додека неговата колешка Лејла Захировиќ се збогуваше од него со зборовите:
„Драг Јашко, останав без зборови, нема работа што може да ја олесни бoлкaта и тагата, разочаpyвањето. Ова е огромна зaгyба, голем пејач, пејачиште, прекрасен сопруг, прекрасен татко… Ќе те сакам брате мој, засекогаш“.
На профилот на неговата сопруга Јасмина Слањанкиќ Хасиќ исто така се нижат пораки за поддршка и жaлeње заради големата загуба. Тажната вест ја потресе естрадата. Многу познати личности се огласија на социјалните мрежи, а меѓу нив и Лејла Захировиќ.
„Останав без зборови, ништо не може да ги намали болката и тагата.. Разочарување! Ова е огромна загуба, голем човек, пејачиште, прекрасен сопруг и татко.. Засекогаш ќе те сакам, брату мој“, напиша таа.
Пораки со поддршка во овие тешки мигови постојано се редат и на фејсбук-профилот на сопругата на пејачот со која има две деца. „Тагата и болката се големи, примете мое искрено сочуство, Бог нека ви даде сила“, е една од пораките.
За потсетување, по операцијата во Турција здравствената состојба на пејачот нагло се влошила поради што неговото семејство започна акција за собирање на крв. По тој повод, пејачот и неговата сопруга се огласија на социјалните мрежи и се заблагодарија на сите кои учествуваа во хуманитарниот гест.
-На крајот остануваат само нашите дела. Се останато не е важно. Ни парите ни славата. Само она што сме и што го носиме во себе. Кога животот ќе ти покаже канџи, ти покажи борбеност.
Срцето ќе се скрши милион пати за да стане цело. Само најсилните стануваат најдобри. А мене…мене срцето ми чука, толку многу луѓето те сакаат и те ценат, не можеш ни да замислиш. Ние можеме се, пред неколку дена напиша неговата сопруга Јасмина.
Извор: Sekojden.mk