Жена навела неверојатна причина за развод, па судот ја одбил: “Сите сонуваат за таков маж, а ти сакаш да се разведеш”

Жена навела неверојатна причина за развод, па судот ја одбил: “Сите сонуваат за таков маж, а ти сакаш да се разведеш”…

Разочарана жена од Индија со месеци се мачела во бракот поради однесувањето на својот сопруг, па одлучила да стави точка на таа заедница, а како причина навела нешто кое ги збуни другите жени, но и луѓето на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Имено, Индијка побарала развод бидејќи сопругот премногу ја сака, пишува Блиц. Неодамна таа му се обратила на шеријатскиот суд за да го поништи бракот после смао 18 месеци, а како причина го навела тоа што мажот никогаш не се расправа со неа, што е едноставно неприфатливо. За работата да биде уште “полоша”, мажот готви, чисти и и помага во домашните обврски.

-Никогаш не го повишува гласот на мене и никогаш не ме налутил. Дури и готви за мене и ми помага по дома. Кога и да згрешам, тој ми простува. Сакам да се карам со него. Не сакам живот во кој мажот се сложува со мене околу се што ќе речам – изјавила на суд.

Откако ја сослушале, збунетите членови на судот го отфрлиле нејзиното барање за развој и го замолила брачниот пар да поработи на своите разлики. Но, разочараната жена не застанала тука, па му се обратила и на локалниот селски суд, кои членови, исто така го одбиле нејзиното барање.

- Advertisement -

Според локалните медиуми, нејзиниот маж тврдел дека сака само да биде совршен сопруг, и не знаел дека тоа ќе и пречи на неговата жена.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!