Заев ќе го врати изучувањето на српски јазик во Македонија како опција за учениците

Честитајќи им го на Свети Сава на припадниците на српското малцинство, на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во Македонија.

„Одиме и чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година ја укина можноста српскиот јазик да се изучува како изборен предмет“, напиша Заев.

- Advertisement -

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!