Moже да се заработи и до 5000 евра месечно: Што се ви е потребно за одгледување на оваа билка

Станува збор за одгледување на боровинки. Иако заработката е голема, нивното одгледување не е баш така едноставно. Боровинките се осетливи на многу фактори. Осетливи се на земјиштето, квалитетот на водата и бара подигнување на мали ридчиња. Секако, потребно е и наводнување.

Одгледувањето на ова овошје може да ви донесе дури 5.000 евра месечно. Ако добро ја насадите, на еден хектар може да добиете околу 15 садници со боровинки. Едно семејство кое започна со овој бизнис говори дека на почетокот започнале со 200 хектари, а сега имаат околу 900.

- Advertisement -

Доколку сакате да се занимавате со одгледување боровинки, стручњаците од оваа област го препорачуваат системот на хидропонија. Тоа е садење во пластични вреќи на нива. Кога станува збор за извоз, објаснуваат дека може да се извезе само зрела боровница.

„За хектар боровница вкупно мора да се вложат 60.000 евра. За да има заработка мора да поминат две до три години. По садница првата година се берат 800 грама боровница. Земјоделството се менува, и мора постојано да се учи“ – велат тие. Пласман за извоз на боровинки има во Холандија и тоа по цена од 5.45 евра по кг. (Велат одгледувачи на боровинки од Србија). Цената за килограм боровинки на големо во Македонија е околу 100 денари.

Повеќе за ова познато растение: Боровница — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка. Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

- Advertisement -

Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино – црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто – сладок вкус, малку со остар вкус.

Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино. Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.

Листови Листовите од боровинки помагаат во случај на создавање на одредени киселина,повраќање,грчеви во желудникот и кашлање. Многу важен народен лек се против шеќерната болест, толку е делотворен што некои го нарекуваат растителен инсулин. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да узреат, бидејќи подоцна немаат лековито дејство.

- Advertisement -

Чај од листови од боровинки не смее дасе пие без надзор. Листовите се сушат во тенеки слоеви во сенка или во рерна на 40 степени. Прелиени со жешка вода, го ублажуваат воспалението на бешиката и на мочните канали. Гнојните афти кај мали деца ефикасно се лекуваат со исцеден сок од од свежи млади листови на боровинки.

Бобинки За плакнење на грлото се користи необработен сок од боровинки, додека мармаладот од ова шумско овошје ја разладува болната горештина на воспалени уста и грло. Исушените бобинки се користат за лекување на хемороиди бидејќи го стопираат крварењето, а делуваат и на подобрување на лошото варење и слабиот апетит.

Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај мали деца, додека свежи делуваат како благ пургатив. Сокот значително ги ублажува пречките при варењето, а го отвора и апетитот. Поради танинот и пектинот боровинките делувата како благо средство против дијареа и катар на цревата, разни восплаенија на слузницата итн.

Од зрели плодови боровинки се подготвува посебно екстракт од кој се прават таблети кои поволно вилајаат на острината на видот. Бидејќи тој лек е скап, најдобро е да се пие сок од боровинки, а за иста намена може да се направи и компот од исушени зрели плодови. Зрелите бобинки се диететско средство со пијатен вкус што се користи за зајакнување на крвната слика.

Бројните испитувања на ова зрнесто овошје дале извонредни резултати. Како прво, боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук. За таа “титула” во многу се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја.

Покрај тоа, истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стареење, го запира почетниот фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот, како и циркулација, помага во контролаа на дијабетес итн.

Состав: Исушените бобинки содржат флобатанин, смеша на разни антоцијански хетерозиди кои на сокот од боровинки му ја даваат бојата, потоа шеќери, органски киселини, главно лимонска, јаболчна и ќилибарна киселина, пектин, витамин Ц, каротен…. Листот содржи пирокатехински танини, арбутозиди, како и неколку флавонски хетерозиди.

Извор: Скопје 24

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!