Захариева го споредува Тито со Хитлер: Северна Македонија лаже дека Бугарија и го негира идентитетот и јазикот, и го слави „мрачниот“ диктатор

Во интервју за германскиот весник Велт, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева тврди дека Софија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку обратно, тие ги негираат правата на Бугарите, пренесува Дојче Веле.

„Северна Македонија ја политизира работата на мешовитата историска комисија, ги блокира развојот на Коридорот 8 и бугарските инвестиции во земјата, лаже дека Бугарија и го негира идентитетот и јазикот, и го слави „мрачниот“ диктатор Тито, обвинува бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за германскиот весник Велт, објавено денеска. Апелирајќи да се смират емоциите во двете земји и да се води конструктивна дебата, Захариева вели дека не и јасно како во Северна Македонија можела да се слави 40-годишнината од смртта на „мрачниот“ диктатор Тито. Оттука и Велт го објавува интервјуто со наслов: „Како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“.

- Advertisement -

На прашање зошто нејзината земја го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, Захариева дава серија причини, почнувајќи од имплементацијата на Договорот за добрососедство.

„Јавната дебата се врти само околу прашањето на историјата. Договорот им го препушта ова прашање на историчарите. Затоа формиравме историска комисија со експерти од двете страни. Но нејзината работа беше прекината од владата во Скопје пред повеќе од една година, со образложение дека ќе имаат избори. Но Комисијата не смее да биде политички инструментализирана. Во Бугарија во тој период имавме на двапати избори. И јас не можам да си замислам дека на една историска комисија може да и се каже ’престанете со работа’, затоа што имаме избори. Комисијата е независна и не смее да добива насоки од владата. Но историјата не е единствената точка“, вели Захариева.

Натаму таа ја наведува инфраструктурата, како следна проблематична точка. „Срамно е што двете соседни земји немаат железничка линија“, вели таа, и обвинува дека меѓународните институции кои го финансирале овој проект „загубиле 130 милиони евра“, а Северна Македонија во „пристапниот буџет“ не предложила ниту еден инфраструктурен проект на оската исток-запад.

- Advertisement -

Според Захариева, имало и многу чудни примери во С. Македонија со кои административно се блокирале инвеститори кои требало да отворат нови работни места. Бугарија, завршува таа, веќе една и пол година чека на одговор за тригодишната програма за соработка со образованието и културата.

Како одговор на новинарско прашање дали Бугарија останува на ставот дека Македонскиот не е самостоен јазик, туку дијалект на бугарскиот, таа вели дека Софија не го оспорува правото на самоопределување.

„Најтешка тема се неточните обвинувања што се слушаат подолго време дека им го негираме правото на самоопределување на Македонците. Или правото да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат. Но, земјите не признаваат јазици или нации, туку само други држави“, вели Захариева. Ваквите обвинувања од Скопје таа ги толкува како обид „да се портретира Бугарија како земја која останала во не знам кој век

- Advertisement -

Се согласувам (со вицепремиерот Никола Димитров, н.з.) дека секоја нација има право на самоопределување. Но не се согласувам со тврдењето дека ние им го негираме тоа право. Тоа не е точно.

(…) Се разбира дека звучи ужасно доколку една земја и го негира правото на самоопределување на која било друга земја. Но, спротивното е точно. Во изминатите десет години 88.450 северномакедонци добија бугарско државјанство врз основа на нивното потекло. Тие се бугарски и европски државјани. Тие имаат право на самоопределување. Но секој, кој денес во Република Северна Македонија се дефинира како граѓанин со бугарски корени, таму и понатаму се дискриминира. Пред околу две недели некои групи ги објавија личните податоци и адресите на овие луѓе, во некои случаи дури им се закануваа дека ќе ги обесат“, вели Захариева за Велт.

Таа осврнувајќи се кон тоа дали ќе има копромис вели дека квалитетот е поважен од брзината на процесот“ и бара да престане „омразата“. Бугарската министерка информира дека од 1 септември до 20 ноември биле избројани „14.699 негативни објави за Бугарија во северномакедонските медиуми, и само четири неутрални“.

Во Бугарија, во истиот период, имаше 450 позитивни извештаи за Северна Македонија во медиумите“, вели Захариева и продолжува:

„Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, заклучува Захариева во интервјуто за Велт.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!