Ковакс системот за рамномерна распределба на вакцини се соочува со сериозен ризик од неуспех што на одредени земји ќе им ја оневозможи вакцинацијата дури до 2024 година, пишува угледниот Гардиан повикувајќи се на инсајдерски документи.




Според нив, ковакс системот од кој и Македонија ги чека своите дози вакцини се соочува со недостаток на финансиски средства, проблеми со набавката на вакцините и комплицирани договори поради што, како што пишува Гардиан достигнувањето на планираните цели ќе го направат невозможно.
Имено, за достигнување на прагот од имунизација на 20% од населението во посиромашните земји на ковакс системот во моментов му фалат околу 4,9 милијарди долари што е двојно повеќе од оние 2,1 милијарди долари со кои во моментов располагаат.
Според информациите на угледниот весник вакцините кои ќе дојдат преку Ковакс системот нема да бидат оние истите со кои во моментов се вакцинираат Британците и оние кои ќе ги користат САД.
Градијан пишува дека Ковакс ќе се потпира на поевтини вакцини кои веројатно нема да бидат произведени од Фајзер Бионтек или Модерна кои користат поскапа технологија.
Во таа насока веќе се постигнати договори со фирми како Астра Зенека, Новавакс и Санофи кои пак имаат проблеми со развојот на вакцината и процедурата на нејзино одобрување од надлежните органи, процес кој според информациите на Гардијан би можел да се развлече и во втората половина од идната година.




Дополнителен проблем ќе биде што многу побогати земји веќе ги имаат резервирано своите дозии и кај овие компании па првите вакцини ќе ги купат тие.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Македонија од ковакс механизмот очекува над 800.000 дози кои треба да бидат доволни за да се вакцинираат околу 400.000 граѓани.
Според очекувањата на македонските власти, вакцините треба да пристигнат во првите месеци од идната година, без конкретно да се прецизираат датуми.