За една година работа во Германија купив Мерцедес А класа, никогаш не планирам да се вратам во Македонија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Маријана Е. е млада инжинерка од Скопје, а својата среќа по завршување на студиите ја нашла во Германија. За година и два месеца таа стекнала работно искуство кое никогаш не би успеала да го стекне во Македонија.

Таа води градилиште и успеала за една година да купи луксузен автомобил, Мерцедес А- класа. Уште за време на студирањето ја имав дилемата дали да продолжам на Магистерски студии или среќата да ја барам во странство.

Сите беа едногласни и ми рекоа дека студиите со три години подобро да барам работа на пазар бидејќи нема да успеам со ова образование, и да продолжам со Мастер студии, бидејќи така ќе можам да работам во канцеларија, да работам некоја истражувачка работа, менаџер и сл. Но мене тоа никогаш не ме интересираше, бидејќи сакав градилиште.

Татко ми познава многу градежни фирми и ми предложи да пратам кратка биографија. Пробав на три места и во рок од три дена и од сите го добив истиот одговор да одам на разговор.

Но две од фирмите беа преголеми со повеќе од 400 вработени што за почеток ми беше многу тешко и одбрав фирма со 50 вработени бидејќи немав искуство.

Практично започнав со работа 4 месеци по дипломирсњето. Таа на почетокот добила проект вреден дури 15 милиони евра и била премногу задоволна.

Не ми паѓа на памет некогаш да се вратам во Македонија, бидејќи имам прекрасна работа која која пред се воопшто не е стресна. Платата ми е висока. Работната атмосфера прави сите да бидеме задоволни, а се работи од 8 до 17 часа.

Можеш да останеш прекувремено знаејќи дека сето тоа ќе ти биде платено. За една година стекнав искуство кое никогаш немаше да успеам да го стекнам во Македонија. Купив нов автомобил Мерцедес А- класа кој во Македонија можев да го купам по 30 години работа и тоа само со кредит.

Единствено нешто што ми недостасува е балканскиот менталитет, дружбата но размислувам на тоа да ја повлечам целата фамилија тука.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!